Со долг аплауз беше награден синоќа Тарик Филиповиќ, хрватскиот водител и актер кој во улога на д-р Удо Шприцнмахер, сексоколог и плејбој во монодрамата „Секс и глад“, ѝ подели совети на скопската публика за секс, како да се однесува една брачна двојка која долго време е во брак, какви помагала да користи, од какви преносливи болести да се чува во ова хиперсексуализирано време во кое живееме.
Во полниот салнот на Македонкиот народен театар (МНТ), Филиповиќ направи пресек на машкиот и женскиот мозок. Публиката се забавуваше, се смееше на неговите забелешки, една девојка му се придружи на сцената да одиграат танго. Беше забавно и релаксирано, темата беше секс погледната од агол на д-р Удо, но како вистински џентлмен беше повеќе наклонет на женската страна.
Еве што може да видиме на оваа фотографија? Машкиот мозок има на ум само две работи, а тоа се секс и глад. Женкиот мозок, од друга страна, има повеќе работи на ум, како деца, куќа, домаќинство, шопинг, малку трач со пријателките… кажа д-р Удо во монодрамата.
Д-р Удо освен предавање на тема секс, синоќа одговараше и на прашања на Македонците кои му пишале во инбокс. Прашањата беа различни: групен секс, импотенција, табуа, сексуални помагала…На крајот д-р Удо подели и совети за здрав и убав живот.
Мажи и жени, никогаш не се ословувајте себе си со ‘мама’ и ‘тато’. Докажано е, тоа ја убива сексуалната желба. Мажи, Вашата сопруга и по многу години брак, има свое име, не е ‘онаа’. За зголемување на страста во бракот на мажите им препорачувам тврда порнографија, а на жените романтика. Така ќе се најдат на иста бранова должина. Мажи, кога сте дома, кога одете во тоалет седејќи. Тоа нема да ве направи помалку маж. Напротив, ќе и помогнете на сопругата. Мажи, не наседнувајте на фотошопирани жени кои секојдневно ве мамат од секаде. Најубавата жена секогаш ви е дома. Секој од нас има единствен отпечаток, единствен метаболизам, таква е и вашата сексуалност. Чувајте ја и негувајте ја, порача д-р Удо.
Ова беше второ гостување на Филиповиќ во МНТ по пауза од шест години, кога дојде со монодрамата „Ќиро“, која одлично беше прифатена од публиката.
Текстот за „Секс и глад“ го напишаа Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.
Гостувањето на Филиповиќ беше во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.