Лепа Брена има што да каже за сите кои имаа да кажат нешто несоодветно за фустанот со кој таа настапи на Нова Година. Кралицата во свој стил порача:

На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, сè што е нормално не им привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи… Каков лажен морал!

 

Додека во денешно време партнерите си ги убиваат жените, се силуваат девојчиња и не се прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век, ширењето на верска и национална омраза… насликани златни цицки на фустан се проблем! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти!

 

Без жени не би постоело човештвото! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и на жените ширум светот, Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина.

 

Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесната жена. Истиот стил на фустан прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе. За мене го направи Борис Карготиќ, сопственик на брендот DeMode couture, роден во Сплит. Многу модерен, авангарден и креативен, во кариерата соработуваше со Мадона и со гореспоменатата Бијонсе. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.