Еден од оние кои летово одморот реши да го помине во Охрид е и добро познатиот српски криминалец, ѕвезда на реалните шоуа во соседството и поранешен член на Земунскиот клан Kристијан Голубовиќ.
Голубовиќ летува во Охрид со својата девојка Кристина Спалевиќ.
Кристијан и Кристина на своите профил на Инстаграм споделуваат фотографии и видеа од тоа како си поминуваат во Охрид.
Пред некој ден особено внимание со фотографија привлече Кристијан, кој на бензинска пумпа позира покрај автомобил кој изгледа доста ретко и притоа напиша: Со овој мој кpш доаѓам во Македонија.
На еден од многуте официјални и неофицијални профили на Голубовиќ на Инстаграм, објавена е и фотографија на која положува свежо цвеќе на гробот на командантот на расфромираната единица за брза интервенција „Лавови“ Горан Георгиевски Мујо.
Горан Георгиевски – Мујо е македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“.
За многумина е карактеризиран како криминалец. Етикетата ја има заработено кога во 1990 година предизвика тепачка со офицери на ЈНА кои ги демонтираа и празнеа македонските касарни. Мујо работеше во Царина.
На 4 април 2005 година е убиен пред ноќниот клуб „Линка“ во Куманово. Во престрелката во полноќните часови пред ноќниот бар, газдата Горан Стојковски-Линка со 13 куршуми од пиштол го уби Горан Мујо, а во крвавиот инцидент смртно бил застрелан и 22-годишниот придружник на Мујо — Ненад Велковски-Чавка, додека уште три лица од придружбата на Мујо беа потешко повредени. Убиството на Мујо и на Чавка е еклатантен пример на политичка пресметка со остатоците од расформираната единица „Лавови“.
Мујо бил испратен од неколку илјади пријатели од цела Македонија, од Србија и Бугарија.
За Кристина вели дека неговата сродна душа.
Кристина и јас на сите им покажавме колку е голема нашата љубов. Кога излеговме од реалното шоу сите зборуваа дека ни три дена нема да сме заедно, а еве сега речиси една година. Кристина е мојата сродна душа. Ние во се согласуваме и затоа верувам дека бракот ќе ни преубав. Свршувачката е само формалност бидејќи ние се однесуваме како да сме во брак. Живееме заедно, интимните односи ни се супер, верувајте ми ништо не би менувал, изјави во една пригода Кристијан.
Кристина, пак, тврди дека не ни сонувала дека ќе влезе во врска со некој како Голубовиќ.
Kристијан и ја сме спој на неспоивото, а повторно во се согласуваме. Се случуваат такви работи. Одамна зборувавме дека може да се замислиме во брак и со деца, а сега верувам дека таа ситуација полека се исполнува. Ретко јавно зборуваме за плановите, но ова се убави случувања, па зошто да не ги споделиме за празниците, вели Кристина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.