Пејачот Жељко Самарџиќ (67) го загубил синот во 80-тите години, кога тој бил сè уште бебе. Со сопругата Маја добил син по раѓањето на нивната прва ќерка Сања, а бебето починало само три месеци по раѓањето.

Самарџиќ сите овие години не сакаше да зборува за трагедијата, а сега првпат проговори за тоа за српски „Блиц“.

Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја сами ја споделуваме таа тага и секогаш размислуваме колку години би имал да останеше жив, но тоа е животот. Се сеќавам на тој период, мојата покојна баба првпат дојде да го види својот правнук, за неа беше голем шок кога се случи сè. Во Црна Гора машката глава е голема работа. Никогаш нема да го заборавам. Како семејство сите отидовме од Мостар во Никшиќ за да ги извршиме тие церемонии, изјави пејачот за синот Златко.

Инаку, Жељко и Маја имаат три ќерки Сања, Данијела и Миња, а Миња е како татко ѝ, талентирана за музика. Првиот албум го објави пред седум години, но не доживеа никаков успех, па нејзиниот татко сакал да ѝ помогне да се пробие на сцената, но Миња ја одбила неговата помош и му се посветила на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.