Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна тајно зела околу 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко за да му купи автомобил на своето момче. Кога пејачот видел дека му недостига голема сума пари повикал полиција, па преплашената девојка признала се и ги вратила парите, дознава Курир. Оваа драма се одвивала неколку месеци.
Уна е вљубена во своето момче, па сакала да го изненади со повеќе од вреден подарок.
Затоа пред неколку месеци од сефот на нејзиниот татко зела голема сума пари со цел да му купи нов автомобил на својот избраник. Веднаш штом ги зела парите, отишле во салонот за автомобили, каде ги погледнале моделите. За среќа, тој што им се допаднал го немало, па продавачите на кои им било сомнително од каде им се парите на т млади луѓе им рекле дека треба да почекаат.

Чола забележал дека му недостасуваат многу пари од сефот, поради што повикал полиција, која набрзо пристигнала во нивниот семеен дом. Сопругата на Александар ги известила и нејзините ќерки кои не биле дома и им кажала дека имаат проблем и дека се украдени,.

Уна кога го слушнала тоа, се збунила и веднаш дошла во семејната вила, каде признала се. Таа плачела и открила дека тајно ги земала парите. Им се извинила на родителите што им подготвила ваква непријатна ситуација и морала да повика полиција, па им ги вратила парите, приближно 20.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.