Врската помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќе подолго време ја интригира јавноста, а по промоцијата на последниот албум пејачката за српските медиуми откри дека иако постојано се пишуваше дека се разведуваат, тие се уште се во брак. Сепак, таа признава дека Душко е нејзината животна грешка. Таа апелира до нејзините фанови да ја слушаат внимателно нејзината песна „Јас“, зошто во неа има силни автобиографски моменти.
Мајка ми е мојата жива рана која не зараснува. Само што научив да живеам со тоа. Душко, пак, се потруди со сите сили да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка ми е. А, линчот што го доживувам од време на време од јавноста го гледам само како голема мотивација и инает. Во мојот живот отсекогаш имало многу болки. Тоа што сум силна жена за јавноста не значи дека ударите не ме повредуваат. За жал, животот толку многу ме зајакна со удари, толку се борев и приватно и професионално што не знам за поинаков начин на функционирање, освен за клинч, гард и борба. Посакувам мојот живот досега да не беше толку стресен и болен, но тоа е мојата карма. Некој би бил претепан по сето ова, но јас избрав да не се предадам. Имам само еден живот и не сакам да бидам жртва, имам ќерки, сакам да им бидам пример како жената се бори и победува, како не се откажува од себе и како е силна и како таа не прифаќа пораз. Како во песната, кога овој град и ова општество ме удираат, го вртам другиот образ за да покажам дека ништо не ми можат и солзите ги претворам во дијаманти кои никогаш не го губат својот сјај, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.