Актерката Јелена Тинска ја шокираше јавноста со изјавата дека естрадните уметници не треба да бидат погребани во Алејата на заслужни граѓани, туку би требало да имаат посебни гробишта. Таа рече дека според неа не е нормално пејачите на народна музика Шабан Шаулиќ и Џеј Рамадановски да бидат веднаш до уметници и поети, налик на Иво Андриќ.
На Милан Гутовиќ му се поклонувам бидејќи не сакаше да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани. За пејачите нека направата естрадни гробишта, таму нека бидат погребани, а не во алејата на заслужни граѓани. Па дали гледате дека тука е Иво Андриќ, а веднаш до него Шабан Шаулиќ? Чекајте луѓе, дали тоа има смисла?! Секоја чест на Шабан, Џеј и на останатите од таа област на нивната заслуга, но тоа е Алеја на заслужни граѓани и почна така за да остане во рамките на културата. Што е многу, многу е, но сега не вреди да се дискутира кога повеќе нема никаков ред, рече актерката за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.