Наскоро почнува снимањето на филмот и серијата за Аца Лукас.
Како што објасни продуцентот на филмот и серијата Саша Мирковиќ „Кафана на Балканот“, оваа серија и филм ќе се снимаат во повеќе градови на поранешна Југославија.
– „Кафана на Балканот„ ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и живот на Аца се поврзани и со Белград и со сите овие градови. Горд сум што „Кафана на Балканот„ ќе биде Југославија во мало и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги бира сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува големи изненадувања и добар филм и серија – вели Мирковиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.