Нови драми и скандали се нижат на овогодинешниот „Евросонг“. Организаторите на Евровизија го цензурирале настапот на претставничката на Евровизија од Албанија, при што, пејачката во последен момент била принудена да го смени истиот.
Ронела на завчерашната церемонија се појави со чуден костум, а на главата носеше коцкаст детаљ со кој го прекри целото лице.
Инаку, Ронела со причина дошла така облечена, а тоа бил – револтот.
Пејачката е бесна поради тоа што организаторите во Торино го цензурирале нејзиниот настап, поради, како што навеле, премногу голотија.
Таа по тој повод била принудена целосно да ја промени концепцијата на својот настап како и креацијата, која не е толку експлицитна според нивните правила.
Настапот на Ронела кој е цензуриран поради нејзиниот костим, погледнете го во продолжение на текстот:
@eurovision The Sekret’s out! Check out this exclusive look at @Ronela Hajati’s first rehearsal on the #Eurovision stage! 🇦🇱🦅 #Eurovision2022 #tiktokeurovision ♬ original sound – Eurovision
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.