Првпат по разводот од манекенката и тазе пејачка Кристина Димитри Даниел Кајмакоски ги отвори вратите на својот приватен живот пред јавноста. Оттаму, пак, се покажа препрасна црнокоса со која го дели мирот и испраќа љубов од Свети Наум.

Преку 30 години го посетувам ова место и уште е иста молитвата и желбата за мене и моите најблиски, а и за сите луѓе на овој свет. Господе дај ни здравје, мир, љубов и повеќе време со оние кои најмногу ги сакаме. Ви ја праќам сета љубов од ова свето место, им порача Кајмакоски на своите следбеници на Инстаграм.

И додека тој се моли за најблиските, неговата поранешна сопруга разгорува огнови каде и да се појави. Виница, Прилеп, Тетово, Лешок – Кристина секоја вечер долева гас на ноќниот живот низ Македонија.

Дали му ја загрозува тезгата на поранешниот сопруг, проценете и самите. На нејзните журки е полно, а и следбениците на инстаграм уживаат во нејзиното друштво.

Даниел и Кристина не се разиода тивко и таа не крие дека се во лоши односи. На јавноста ѝ дозволи да ѕирне во нивниот растурен брак и да дознае дека Даниел е неодговорен татко, кој ги пропушта родендените на Давид.

Тој, пак, ја обвини Кристина дека му ставила дрога во кафето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.