Горе стојат дел од гнасотиите што некоја „болна“ личност ги пишува на луѓе од мојата фамилиј, вели моделот Кристина Димитриевска, поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, споделувајќи какви навредливи пораки пристигнуваат на нејзината и адресата на нејзиното семејство.

Биолошкиот татко на моето дете може да има бракови, жени, тоа е негов живот. Јас и мојот син живееме наш живот 5 години (а тоа е етапа на која пред исто 5 години ЈАС ѝ ставив крај) и немаме никаква врска со животот на мојот поранешен маж… Толку од мене на оваа тема. Порано знаевме кој е „психички болен“, сега е масовно. Не е срамота да побарате помош од психолог и психијатар, срамота е да правите лажни профили и да се мешате во туѓи животи. Луѓе, ручајте си со најблиските, ви праќам љубов во вашите срца полни со омраза, пишува таа.

Една од пораките кои ги сподели гласи:

Ха ха ха, малку ли е љубоморна Кристинче што нејзиниот син сега ќе има полубрат или полусестра?

Кајмакоски пред една недела повторно се ожени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.