Популарниот македонски пејач Владо Јаневски, повеќе не живее во Скопје, пишува „Вечер“. На својата 63-годишна возраст Јаневски од романтичниот скопски Чаир за кој така пее во својот голем хит, се пресели во Гевгелија. За деталите многу не открива, останува мистериозен како и за многу други работи кои му се случуваа во животот и кариерата. Вели, кусо, дека сега е најсреќен, дека од Гевгелија нема поспокојно место за живот, а близината на Егејско Море и сончевиот Халкидики му даваат дополнителен мотив за живот. Со оглед на тоа дека преку лето може често да се забележи во Неа Флогита, ништо чудно што Гевгелија ќе му биде појдовна точка за убавото секојдневие.

Во Гевгелија имам мирен живот, си ја имам гитарата, имам и клавир за компонирање на нови песни, а кога сакам одам во казиното “Фламинго“ кај моите пријатели, им објасни Јаневски на љубопитните новинари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.