Цеца Ражнатовиќ за првпат проговори за заедничкиот настап со  Анастасија во живо на сцената во Пробиштип.

– Ја гледав од колата. Го замолив менаџерот да заминеме порано, хотелот во кој престојувавме беше во близина на бината и дојдов порано да ја видам, па ја погледнав од страната на автомобилот. Тоа е прекрасно чувство.

Дали во Пробиштип имавте повеќе нервози или кога Анастасија го имаше првиот настап во Париз?

-Не бев нервозна бидејќи и таа се опушти. Таа, генерално е се поопуштена и подобра од настап до настап. Сето тоа е разбирливо бидејќи тој нема пеачко искуство кога се во прашање настапите. Поинаку е кога стоиш, со име и презиме на сцената пред публиката, тоа е одговорност и тогаш има позитивна нервоза. На естрадата сум 35 години, па сега ми е лесно да зборувам, но претпоставувам дека не и е лесно, особено што има мајка која е веќе остварена. На децата на славните родители им е многу потешко да си го пробијат својот пат, особено ако влегуваат во истите води во кои нивните родители реализирале и направиле големи кариери-објасни Цеца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.