Во јавноста се појавија нови околности за разводот на пејачката Бритни Спирс (41) и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Сем Асгари. Според Page Six, Бритни наводно имала афера со член на нејзиниот персонал, чие минато е полно со криминални активности.

Наводно, станува збор за Пол Ричард Солиз (37), кој една година работел кај пејачката – го чистел тоалетот, ги метел подовите и го фрлал ѓубрето.

Извор близок до пејачката изјави дека таа и Солиз се многу блиски.

– Загрижен сум. Го вработија тој човек без да му го проверат минатото, а тоа е… криминално, рече тој.

На Page Six се наведува дека Солиз неколку пати бил на обвинителна клупа за разни прекршоци и кривични дела. Во април 2014 година беше осуден за нарушување на јавниот ред и мир, потоа заработи казна за загрозување на дете, но со спогодба беше отфрлена.

Подоцна беше осуден за возење без дозвола, а последен пат на суд се појави во 2022 година поради поседување огнено оружје.Тогаш тој веќе работеше за Бритни, но откако беше осуден, доби отказ.

Без разлика, велат изворите, Солиз и Бритни продолжиле да го поминуваат времето заедно, а пејачката не се труди да го скрие нивното пријателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.