Вчера во Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Покрај покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, на црвениот килим продефилираа и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е битолчанка.


На отворањето на годинашниот фестивал, чие мото е „Реалноста не е доволна“, најголемо внимание предизвика Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, како и многу познати интернационални филмски работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.