Во последното интервју за Бекстејџ по нејзиниот настап во позната скопска дискотека Антониа Гиговска вели дека конечно народот го сменил погрешното мислење за неа.

Се радувам што конечно народот го смени погрешното мислење за мене. Тоа се приметува и кога се движам по улица…ха ха ха, вели Антониа.

Таа периодов беше актуелна во јавноста после раскинувањето на врската со вокалот на групата Либеро бенд, Иван Јованов, со кого пејачката живееше заедно подолго време.

Прашана за тоа дали до неа допираат хејт коментарите на социјалните мрежи за Женски магазин, Гиговска одговори:

Ух… па дефинитивно најмногу ме повредува лош коментар за моето семејство. Сè друго е прифатливо и навика со оглед на тоа што јавните личности се подложни на секакви коментари. Ме погодува тоа што некој некогаш т.е најчесто се дрзнува да искоментира мој карактер и тоа каква сум јас приватно, а не ме познава, меѓутоа не можам да спречам нечие мислење. Секој има право на мислење, но не е секој така како што изгледа, јас имам свој гард, но сум личност што страшно многу брзо се приврзува, така што сакам да сум меѓу луѓе, стравот да сум сама ме убива.

Гиговска музичката кариера ја започна во шоуто „Пинкови ѕвездички“, каде го освои жирито со својот специфичен глас и вокални способности. Стручното жири имаше само пофални зборови за неа.

Антониа за првпат на сцена застана на 14 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.