Ќерката на Џони Деп и Ванеса Паради, Лили-Роуз Деп, објасни зошто одлучила да молчи за време на судскиот процес за клевета во кој беа вклучени нејзиниот татко и неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Во искреното интервју за Elle, актерката објасни зошто решила да се држи настрана од целата драма и да не коментира јавно за случајот на нејзиниот татко.

Кога се работи за нешто што е толку приватно и толку лично што одеднаш станува не толку лично… Чувствувам дека имам право на сопствена тајна градина со мисли, рече манекенката и актерка, која треба да глуми во претстојната серија на HBO „Идол“.

23-годишната Французинка откри дека сака луѓето да ја оценуваат според нејзините заслуги, а не поради мажите во нејзиниот живот – било да е тоа нејзиниот славен татко или нејзините момчиња.

Исто така, сметам дека не сум тука да одговарам за никого и чувствувам дека во поголемиот дел од мојата кариера луѓето навистина сакаа да ме дефинираат според мажите во мојот живот, без разлика дали тоа се членовите на моето семејство или момците со кои сум била. Навистина сум подготвена да ме судат само за работи за кои сум сама одговорна, изјави младата ѕвезда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.