Годинава манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се има јубилејно 25-то издание на 12 мај во Арената „Борис Трајковски“.

Ви го испраќаме и првиот проглас од овогодишната манифестација:

Дојдете да живнеме !!!!

Почитувани љубители на добра забава, нормални цнеи и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само Златна Бубамара ви порачува – Дојдете да живнеме!!!

Поо се што поминавме конечно доаѓаат и убави времиња – да се развеселиме, да запаееме и да се насмееме – (сега) конечно можеме да живнеме!

Доаѓа настанот што го чекаме две години.

25. јубилејно издание на „Златна Бубамара на попларноста“.

На 12 мај во арената „Борис Трајковски“

Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до две карти за Златна бубамара отколку до две шишиња зејтин

Наместо да кивнеме-време е да живнеме, порачаа организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.