Драган Мијалковски ќе одржи два концерти во Скопје, на втори и трети април, во Национална опера и балет.

Јубилејните гала концерти со кои Мијалковски одбележува 60 години кариера, ќе се одржат во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.

Мијалковски го доби признанието за животно дело на годинашната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кога беа најавени и овие големи концерти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.