Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 март, во организација на продукцијата „Авалон“. Поп-ѕвездата првпат ќе настапи во Македонската филхармонија, а концертот е во рамки на проектот „30 години Авалон“.

„Кога сме кај затворањето на круговите со ’30 години Авалон’, мора да се навратиме на едно многу важно име. И ние имавме транзиција во работата, која почна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала. Нашите први концерти таму беа оние на Мишо Ковач, но најуспешниот проект во историјата на Универзална сала е оној со нашата пријатека Данијела Мартиновиќ. Со неа успеавме да распродадеме дури 11 концерти во оваа сала, во период од две и пол години“, велат од „Авалон“.

Од „Авалон“ најавуваат одличен концерт на Данијела Мартиновиќ бидејќи, како што велат оттаму, „срцето секогаш ѝ 1000 отсто на сцена“.

Влезниците веќе се во продажба, онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на „ticketx“, по цени од 1.200 денари и 1.500 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.