Вчеравечер на свечена церемонија беа прогласени добитниците на вториот БЕАМ
Фестивал на најдобри настани. По однапред утврдени и јавно објавени критериуми и
правила беа оценувани пристигнатите пријави во повеќе категории.


Жири комисијата во состав: Ана Зафирова – фриленс новинарка и експертка по
комуникации, Анета Андонова – одговорен уредник на Прв Програмски серис, МРТ, Борис
Ефтимовски – основач на Маркетинг365, Бранко Илиевски – спортски новинар, Вардан
Тозија – режисер, Василка Салевска Трајкова – менаџер за екстерни прашања во Филип
Морис, Дејан Пројковски – режисер, Душан Марковиќ – корпоративен маркетинг и ПР
Директор во Малиќи Груп, Кире Синадиновски – директор на Таг Тиминг, Коста Петров –
основач и Извршен директор, Пи Ворлд, Маја Наумовска Савеска – директор на
корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанка, Марта Наумовска Грнарова –
генерален менаџер на Завар, Милчо Александоров – светло мајстор, Мите Димовски –
композитор и музчки продуцент, Наташа Божиновска Миркова – извршен директор на
Репрезент Комуникации, Татјана Лопарски – извршен директор на Елемент ПР, Тони
Димков – новинар, Огнен Јанески – тв лице, автор и модератор, Рисима Рисимкин –
кореограф, Уметнички директор на Танц Фест Скопје и Лара Чашуле – директор за сервис
на клиенти во Меккен Скопје одлучи да додели награди на следните настани:
Најдобар културен / музички настан – ХАЈНЕКЕН 150 DJ ЗА 150 ГОДИНИ НЕЗАБОРАВНИ
ИСКУСТВА – Публицис Груп
Најдобар фестивал / манифестација – ЗИМСКА ПРИКАЗНА – Општина Битола
Најдобар корпоративен настан – ENTER THE RED – ВЛЕЗИ ВО ЦРВЕНОТО – Њу Момент Њу
Идеас Компани
Најдобар самит, конгрес или конференција – КОНФЕРЕНЦИЈА „ЧУВАРИ НА МУДРОСТА“
Маркетинг агенција Ефектива
Најдобар настан за бренд активација / промоција на нов производ или услуга – ХАЈНЕКЕН
150 DJ ЗА 150 ГОДИНИ НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА – Публицис Груп
Најдобар експо (саем) – SKOPJE AIR FAIR – Авикон
Најдобар прес / пр настан – УБАВИНА ШТО НОСИ ПРОМЕНИ – Њу Момент Њу Идеас
Компани
Најдобар НВО настан – ИГРАМЕ ЗАЕДНО ПАК – Аутизам ААМК
Најдобар спортски настан – ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН – Сојуз на спортови на Скопје
Најдобра (бтл) агенција за настани – ПУБЛИЦИС ГРУП
Најдобра рентал компанија – О3 ИНВЕСТ
Најдобар добавувач – О3 ИНВЕСТ
Специјално признание на БЕАМ доби настанот АЕРОМИТИНГ „100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА
АВИЈАЦИЈА“ на Аероклуб Скопје, како признание за одбележување значаен јубилеј



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.