25. издание на „Златна бубамара на популарноста“ синоќа ќе одржа по пауза од две години поради пандемијата, а тимот кој работи на манифестацијата успеа повторно до солзи да ја насмее публиката, да ја расположи до добра музика и прекрасни гости.
После две години пауза, да го доживуваме овој ден како ослободување – од мерки, од маски, од затвореност и конечно „Да живнеме“, рече на почетокот Ранко Петровиќ, „главниот виновник“ за постоењето на оваа манифестација, која полни 25 години успева да опстане.
Покрај препознатливите настапи на Сашко Коцев и Атанас и Тино, синоќа на сцената во „Борис Трајковски“ застанаа Симон Трпески, Некс тајм, Ристо Самарџиев, македонската фудбалска репрезентација, Жељко Бебек, Дејан Георгиевски… и многу други, но исто така за прв пат, како што рече Наум Петрески заедно настапија Влатко Стефановски, Љупчо Трајковски Фис и Наум Петрески, изведувајќи го безвременскиот хит „Има ли песна“.
Добитници на „Златна бубамара“се:
Најпопуларна анимирана серија – Биби и Боби
Најпопуларна детска емисија – Дајте музика
Најпопуларен тинејџерски хит – Дајте музика
Музички трајни вредности – Ристо Самарџиев
Трајни музички вредности – Васка Јанковска
Херои за 2021 – Македонска фудбалска репрезентација
Трајни музички вредности – Симон Трпчевски
Трајни музички вредности -Жељко Бебек
Еко емисија – Агенда 21
Најпопуларно новогодишно шоу – Преспав
Животно дело – Ферус Мустафов
Животно дело – Александар Трајковски Фис
Трајни музички вредности – Наум Петрески
Композитор на годината – Николче Мицевски
Спот на годината – Некст Тајм за „Кога падна на Пирина”
Спортист на годината – Дејан Георгиевски
Дует на годината – Дац и Александар Митевски
Трајни музички вредности – Благица Павловска
Џез соработка – Тавитјанови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.