Ламбе Арнаудов
Сум го живеел својот сега можам да кажам долг живот во една прекрасна голема земја, мојата татковина МАКЕДОНИЈА и уште во четири мали држави САД, Канада, Австралија и Франција и никогаш не сум доживеал да бидам инфериорен спрема некого или супериорен кон останатите околу мене. Можам да кажам дека е тоа блажено чувство што ни со едно друго духовно задоволство не може да се спореди, знак на РАВЕНСТВО помеѓу сите луѓе.
За жал, тоа траеше до пред неколку години, односно до појавата во македонската политика на ЦРНИОТ ВДОВЕЦ кој ја отепа МАКЕДОНИЈА и на својот еднојајчан брат близнак Таче КОВАЧОТ, на македонска несреќа, му остави во аманет да ја дотолчи, разурне и срамни со земја. Овој недоветниот се прави луд, се смее како недугав, ама е крајно опасен, и ако на време не го спречиме, глумејќи дворска будала ( што за право и не е далеку од вистината) може да го направи тоа што не им успеало на цареви, кралеви, алијанси, заговорници, да ја избрише МАКЕДОНИЈА пропратено со неподносливо национално понижување.
И, ова не е наивно и за потценување. Затоа што е наоружан со најмоќното оружје во историјата ПРЕДАВСТВОТО.
Оваа година на 24 октомври се навршуваат 77 години од погубувањето на ВИДКУН КВИСЛИНГ кој со своите предавства и злосторства спрема својот народ го даде своето име и удри печат на еден црн термин од кој денешниот демократски свет се згрозува.
Да бидам искрен, до ден денешен, од неговото погубување, не се појавила политичка фигура од таков формат и суштина во Европа, а за жал кај нас двајца одеднаш. И тоа зборува колку е силна и непобедлива МАКЕДОНИЈА, па затоа порачуваме и 2 милиони да сте ќе ве ЗБРИШЕМЕ.
Сличностите се тука на виделина.
Видкун формира петта колона и се стави на чело, и овие двајца истото го направија во Македонија.
Тој, Видкун, тврдеше дека Норвешка е подзаборавена западна провинција на Алеманија -Германија, а овој овдешниов, штетников со хистерично смеење се радува дека МАКЕДОНИЈА е западна Бугарија.
Истиот кај норвешките граѓани упорно се трудеше да го наметне германскиот јазик, овие двајца шутраци го избришаа македонскиот јазик.
Квислинг, не победи на избори, не доби мандат ниту од Кралот на Норвешка, а стана премиер добивајќи го мандатот од Хитлер што е исто и со овие двајца, едниот изгуби на избори и беше збришан со Референдум, другиов ни на крај памет не му паѓа воопшто да излезе на избори.
Ќе ме извинете, ама кој им даде мандат на овие двајца не знам, но знам дека тој кој им ги дал мандатите не и мислел добро на МАКЕДОНИЈА и не и е пријател.
И озлогласениот Норвежанец ги ставал во логори тие кои го бранеле Уставот, поредокот и биле легалисти и приврзаници на Кралот и легалната власт. Исто и овие двајца, нашите УСТАВОБРАНИТЕЛИ и нивните семејства ги фрлија во очај, одмазднички ги втурнуваат во безнадежност, но ги направија посилни и многу почитувани движечки СВЕТЦИ на слободата и честа кај МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Групата командоси кои ја уништија фабриката за тешка вода и спречија Хитлер да направи атомска бомба, Квислинг, од кога ја ликвидира му се пофалил дека го направил за неговиот мецена.
Истото се случи и со палењето на “културниот центар“ во Битола, двајцата се јавија и се пофалија на туѓинци за затворањето на свој сограѓанин.
Најважно од сé, зошто треба да го спречиме Таче е тоа што со ваквиот однос, вазален и непринципиелен, проектот „Отворен Балкан“ може да се претвори во продолжение на несреќниот за нас Букурешки договор и наше целосно исчезнување.
Почитувани граѓани на МАКЕДОНИЈА
Одамна е отворен голем фронт против МАКЕДОНИЈА и од надвор и од соседите, но најмачно и од внатре накотени петтоколонаши, луѓе со тешки кривични дела, тендераши рекетари, мајстори за маркици, свиркачи, кодоши криминалци и сиот друг џган од пеколниот казан македонски, јуришаат на сé што е македонско за да се спасат себе си и да не си го нарушуваат својот комодитет. Ова се тие.
Од другата страна, онаа правата, вистинската на овој фронт сте ВИЕ МНОЗИНСТВОТО надоени со исконското македонско домашно и општо воспитание каде што доминираат ЧЕСТА, ПРАВЕДНОСТА, ОТВОРЕНОСТА И ВОЗДРЖАНОСТА.
Овие свети атрибути човечки се гаранција за ПОБЕДА.
Дојдете сите, кои да сте, од каде и да сте, што и да сте.
На 18-6-2022 во Скопје.
Дојдете да го пробиеме МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ, да ја ослободиме МАКЕДОНИЈА од МИКРОБИте кои го јадат, уништуваат македонското ткиво за нивни нечесни цели.
За првпат одиме на фронт за СЕБЕ. Не е ова Солунски ниту Сремски фронт каде гиневме за туѓи интереси. Ова е наш ФРОНТ и мора да го освоиме. Ретка, можеби и последна прилика со фуриозна офанзива да ги протераме предавниците и расипи-државничките елементи во вечна заборав и се избориме за светла слобода за сите нас во МАКЕДОНИЈА, секако без МИКРОБИТЕ.
Господине ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ!
ПОВЕДИ НÉ! Поведи нé затоа што заслужуваш да бидеш наш водач. ТИ веруваме. Твојот незапирлив Од од победа во победа не запира. ВМРО-ДПМНЕ постојано е во предност 2:1 и 3:1, рејтингот ТВОЈ порасна 1500%. И досега спречи катастрофи, катаклизми и апокалиптични сценарија против МАКЕДОНИЈА. ТИ веруваме безгранично. Заслужуваш. Нема причина да не се радуваме, тоа што го направи со ВМРО-ДПМНЕ уште поревносно и поуспешно ќе го направиш за својот македонски народ и татковината Македонија, кои безгранично ги сакаш.
Таче ковачот на македонската несреќа од 18 јуни ќе те снема како што ја збришавме првата петорка со капитенот Зоран Заев, кои облечени во дресови со македонски симболи играа лажирани натпревари и попуштаа и продаваа на многу послаби петорки од МАКЕДОНИЈА.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.