Ламбе Арнаудов

Не така одамна, во едно грозно и траорно време кога познатиот озлогласен силувач Зоран Заев, заедно со неговата дива орда, беснееше, се изживуваше и ја обесчестуваше младата раскошна убавица МАКЕДОНИЈА, за жал и негова роднина од прво колено, охрабрен на тој неприроден ИНЦЕСТ од педофилите од блудницата Вавилонска, кои не само што мирно гледаа туку срамно онанираа и се задоволуваа врз трагичната судбина на невината и чедна девојка Македонија, се помолив на ГОСПОД, нашиот ЗАШТИТНИК.

ГОСПОДЕ! Гледаш, стотици и стотици години пред твоите Рајски порти е голема гужва од млади силни кршни и убави момчиња кои заради својата единствена и никогаш непреболена љубов кон својата татковина МАКЕДОНИЈА не ни помислувајќи на друга овоземна љубов го положиле својот млад живот пред олтарот на честа и за слобода на МАКЕДОНИЈА.

Врати ни ги тие што сé уште се пред твоите Рајски порти да ја довршат започнатата света мисија, и пак потоа уште повеќе прочистени, заради избавувањето наше долу за земјата, ќе се врата при ТЕБЕ!

Сега сум убеден. Од вчера. ГОСПОД ми ги услиши моите молби.

Вчера, 24 април, 128 години од загинувањето на големиот син, охридскиот војвода ХРИСТО УЗУНОВ и неговите ЕДИНАЕСЕТ МИНА соборци, присуствував можеби на најсветлиот настан во мојот живот.

Многу броен народ со должна почит и благодарност за нивното несекојдневно за многумина нејасно и неразбирливо, и без малу единствено во светот демонстрирање на изблик на патриотизам, родољубие, решителност и безгранична љубов кон својата ТАТКОВИНА, восхитени од честа оддадена од многуте делегации и извонредната програма на младите ученици од Основното училиште “ХРИСТО УЗУНОВ“ од село Другово, со прекрасни беседи посветени и со благодарност и огромен пиетет кон делото, од наставничките по историја и македонски јазик, парастосот од свештеникот, се вивна во бескрајот и заработи вечност, малата седмо одделенка МАТЕА СТОЈАНОСКА.

Тоа, убаво симпатично крхко девојче со невиден набој на патриотизам во себе и длабоко внедрена љубов и родољубие, со своите лични и поетски и литературни творби, не фрли сите присутни во транс што го исполни сиот тој простор и ја разбуди и последната најмала заспана клетка на чувството на патриотизам и ни го разгори со блескава топлина и светлост да го носиме секогаш со себе, но и да го пренесуваме на другите.

Прекрасно поврзано, вистинска композиција на делото на нејзината умешност како признат голем литерат со вешто вметнување во право време и вистински момент цитати од ловороносецот ГРИГОР ПРЛИЧЕВ, вујко на ХРИСТО УЗУНОВ, нé воодушеви сите присутни, но и им одржа општа лекција на предавниците за нивниот срам и изгнасен образ што цел живот нема да го заборават и сите македонски води нема да ги измијат.

Не ни помислувам да бидам плагијатор на оригиналната безвремена МАТЕА. Тоа е просто невозможно.

Затоа не ги прераскажувам или цитирам, нека останат така чисти како што е чист духот на тоа МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ. Но, топло им препорачувам на сите да се обидуваат да дојдат до текстовите сега веќе можам слободно да кажам одите и химната на опстојот наш МАКЕДОНСКИ, ако за ништо друго барем заради нашето доизградување.

Ве уверувам дека кристално јасно ќе разберете:

ТАТКОВИНАТА НЕ Е ФАТАМОРГАНА!

ТАТКОВИНАТА Е МАКЕДОНИЈА!

Што побргу тоа го сфатиме и појасно разбереме толку подобро за сите нас.

Прифатете ја подадената рака на Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и народен трибун господинот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ кој сé што затекна, сака и ќе успее да сочува, но и секој што ќе дојде ќе биде добредојден, исто последниот кој дошол, како и првиот.

Укажувањето негово дека ова не е само борба негова и на ВМРО-ДПМНЕ или коалицијата, туку борба на сите МАКЕДОНЦИ, борба на сите честољубиви граѓани, борба која сигурно ќе ја добиеме зошто е предводена од храбри луѓе, намерите се чесни и најважно од сé борбата ја води народот за свој опстанок, а НАРОДОТ никогаш не изгубил ниту една војна!

Придружете се! Семето на злото што го посеа Зоран Заев сé уште дава горки плодови. ВМРО-ДПМНЕ го испрати во историја него македонскиот Борџија дојде друг клон негов и уште една сега уште побрутална дива орда налик на насилните филмови од Сем Пекинпо, бричени измастени табуретки и насадени силиконски чудовишта, спротивност на природата.

Сега е моментот да завршиме и со нив и да почнеме нормално да живееме, да победи природата.

Тоа ни го порача ХРИСТО УЗУНОВ и неговите соборци. Кога тргна изливот на чест, слава и благодарност, ТИЕ дојдоа а меѓу својот народ и ни оставија три важни пораки.

Првата: Среќни сме, благодариме на МАТЕА И НЕЈЗИНИТЕ ДРУГАРЧИЊА, наставници, народ и делегации дека не сме заборавени но уште посреќни сме што ДНК-то што го посеавме и понатака ‘рти, раѓа, се шири и распространува.

Втората: Среќни сме што го разбравте конечно и чинот на светата наша саможртва.

Се решивме да изгориме од СОНЦЕТО а не да се топиме како свеќи.

Третата – најважна: Пред доброволно да се преселиме во Царството вечно сите ние поминавме робии со тешки пранги на рацете и букагии на нозете. Тоа за нас не беше ништо.

Оковите иако железни се кинат и се кршат.

Ропството на СРЦЕТО е најтешко. На него и околу него нема железни окови и затоа нема што да скинеш или скршиш. Ропството на срцето е вечно и не поминува.

Затоа не дозволувајте никогаш да ви го заробат СРЦЕТО.

СЛОБОДНОТО СРЦЕ Е СЛОБОДНА ТАТКОВИНА.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.