„Од кога ГОСПОД ја направил МАКЕДОНИЈА потоа ништо ново не создал, сé било само реплика на совршенството што личело на МАКЕДОНИЈА“.
Ова стои во еден стар неколку векови запис во манастир што се наоѓа на брегот на прекрасно езеро.
Сега оваа чистотија, утринско ведра небеска бистрина е под закана од комплетно еколошко загадување на сé што личи на Македонија, нејзиниот народ, јазик, идентитет, историја, потекло, со еден збор кажано, комплетен брутален атак на МАКЕДОНИЗМОТ.
Луѓе на продажба, чии образи никако не можат да се калосаат, затоа што се КАЛЛИВИ родени, собрани во борд на злосторници во прв ред некои актуелни и поранешни функционери, премиери, претседатели, министри, претседатели на Собрание, универзитетски професори, академци, црквено свештеници, стопанственици, писатели, колумнисти и други подјармени суштества, управувани со историски застарена духовна технологија увезена од индустрискиот развиен свет и комшии, ниту кај нив ниту било каде во светот употреблива.
Овие бедници (далеку поразлични и поопасни од оние од романот на Виктор Иго) самопрогласени интелектуалци, кои својот ум го дале или продале на употреба и управување на непријателите на нашата татковина МАКЕДОНИЈА, се трансформираат во морони кои го изгубиле паметот.
Никогаш повеќе не ќе можат да размислуваат со својот ум туку ќе ги слушаат само заповедите на нивните наредбодаватели три пати поголеми трупци од нив. Ете до каде може да те донесе самопонижувањето.
Свесно од вашите усти направивте фабрички оџаци без филтри и постојано го труете и загадувате македонскиот воздух, без трошка размислување и патриотски резон, на својот народ место решенија му нудите само претпоставки, најчесто, поточно секогаш грешки, а потоа постојано се извинувате, но сега не на жртвата, својот народ туку на оние кои управуваат со вашиот мозок кој пак е во сериозен застој треперејќи дали доволно ефикасно сте ја сработиле зададената домашна задача.
Еве, само еден пример тапчовци сте собрани во фабричките првостепени загадувачи.
Дали некогаш сте знаеле, или сега заборавиле дека ваквите формули од типот 4+1, 5+1, 6+1, финални решенија, се од ризницата на најголемиот загадувачи на народи во историјата, Хитлер и дружината. На што сте спаднале.
Како сте тргнале ни најсовремени филтри не можат да ви се вградат за да се прочистите. Не помагаат ни ЗЕЛЕНИТЕ.
ЗЕЛЕНИТЕ се со вас и се уште поголеми загадувачи. По сé изгледа од сé што е зелено поседувате само зелени глави, несозреани од топлото македонско сонце кое го затемнувате и го правите недостапно за луѓето навикнати на светлината на духот што им го внедриле нивните прадедовци.
Таму каде што разумот не функционира, филтрите прочистувачи не помагаат, треба да се разурнат и уништат фабриките на злото. Тоа ќе ве снајде.
Затоа што еден честит домаќин глава на семејството, кондураџија, земјоделец, учител, занаетчија, студент, средношколец, војник, офицер, било кој што умот го задржал за себе, правилно го употребил (употреба на умот) и не го продал на туѓинци да го управуваат, само еден од нив поединец е 100 пати посилен од сите вас заедно колку и да сте, клетници и отпадници.
На крај, со голема почит кон чесните новинари, им се обраќам на дел од носителите на ПИ АР-от на фабрикантите ЗАГАДУВАЧИ:
Тие, измет да ви сервираат слатко ќе го изедете и ќе се пофалите: „Леле колку убава торта сме се најале“.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.