Предраг Димитровски

Премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, одлучиле да се борат против говорот на омраза и да ги поразат национализмите и пропагандистите во двете држави за да можат да ги надминат постоечките недоразбирања во општествата за конечно кревање на бугарското вето и отпочнување на официјалните преговори на нашата земја за членство во ЕУ. Иако притоа обајцата не прецизираа, што точно подразбираат под тоа, а за точните формулации и да не говориме.

На пример, дали Петков треба да се бори против бугарскиот национализам или поточно е бугарскиот националшовинизам!? Или, кога станува збор за Ковачевски, тој ќе се бори против македонскиот национализам, без притоа да објасни што подразбира под тоа, или, пак, воопшто, ќе се бори против македонизмот!?

Еве, како скромен придонес во нивната определба, повторно ќе почнам со говорот на омраза преточен во необичната бугарска смисла за хумор, иако тоа на извесен начин значи и постоење на висок дух во бугарското општество. Само каков е тој дух кога се линчуваат два народа, во конкретниот случај, македонскиот и грчкиот, ќе треба да објаснат двајцата харвардци, додуша нашиот малку фалц.

Вицот што неколку дена стоеше на сајтот на 24 часа.бг вели вака:

Разговараат Бугарин и Македонец политиколог на маса. Бугаринот му вели-Чекај да ти кажам нешто за Александар Македонски…-Не, не почнувај, знам што ќе ми кажеш, дека не е Македонец. Тој е Македонец! Тој е Македонец, а јас сум Македонец и ние сме негови наследници!-Абе чекај нешто да ти кажам, бре!-Те молам, нема да те слушам, ти кажувам, тој е Македонец, а ние сме негови наследници!-Абе, еј, ти знаеш ли дека бил „пе*ераст“?!-А, па сите Грци се такви, возвратил Македонецот.

Еве, како истиот виц може да има и обратно значење.

Разговараат Бугарин и Македонец политиколог на маса. Бугаринот му вели-Чекај да ти кажам нешто за Петко Славејков…-Не, не почнувај, знам што ќе ми кажеш, дека е Бугарин. Тој е Бугарин! Тој е Бугарин, а јас сум Македонец и ние не сме негови наследници!-Абе чекај нешто да ти кажам, бре!-Те молам, нема да те слушам, ти кажувам, тој е Бугарин, а ние не сме негови наследници!-Абе, еј, ти знаеш ли дека бил „пе*ераст“?!-А, па сите Бугари се такви, возвратил Македонецот.

Да бидам искрен, долго размислував која бугарска историска личност да ја искористам, наспроти таа на Александар Македонски. Се одлучив за Славејков, еден од најзначајните културно-просветни бугарски дејци, зашто токму тој уште во далечната 1871 година, значи порано од Коста Новаковиќ, прв го споменува македонизмот.

Па, во тој контекст, пишувал дека „некои македонисти се двојат од Бугарите врз друга основа, според која тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари“ и ги обвинил „македонистите“ дека се „глупави деца“.

И, да, во случајов помалку важно е тоа дали Александар Македонски и Петко Славејков навистина биле пе*ери на македонски или пе*дерасти на бугарски јазик.

Многу поважно е сознанието дека „глупавите деца“ на Славејков одново, по повеќе од 150 години, се ставаат на удар и тоа во нивната сопствена држава за која во меѓувреме се пролеале реки крв и биле изгубени илјадници и илјадници животи.

Како што пренесоа бугарските и македонските медиуми, бугарската фондација „Македонија“ започнува подготовка на детска енциклопедија со идеја „по увлекателен за децата начин, да бъде разказано коя е историческата истина за произхода на македонските деца“. Што ќе рече, дека бугарската шовинистичка пропаганда за првпат јавно се насочува кон македонските деца на возраст од 7 до 14 години! Зошто? За да може на привлечен начин да им биде раскажана „историската вистина“ за нивното „потекло“!!! И тоа на „македонската регионална норма на бугарскиот јазик“!!!

Зад фондацијата стои онаа, веќе позната будала Виктор Стојанов, која од подземјето на бугарската длабока држава ни стана позната со приказната за носењето бугарски книги во Македонија, а минатиот месец се најде во центарот на вниманието и со непреченото телефонско снимање на илјадници документи од македонскиот Државен архив. Е, тој Стојанов планира неговата енциклопедија да биде наменета за деца од 7 до 14 години, со тираж од 80.000 примероци, а ќе била напишана на „македонската регионална норма на бугарскиот јазик“.

Па, добро, луѓе, има ли веќе воопшто нормални и во Софија, и во Скопје, и во Брисел!? Го гледаат и слушаат ли ова Димитар Ковачевски, Кирил Петков и Урсула фон дер Лаен!?

Деца! На возраст од 7 до 14 години! Тие ќе стануваат жртви на бугарскиот отворен национал-шовинизам, историски ревизионизам и територијален експанзионизам! На македонската неспособност да го одбрани македонскиот национален идентитет, македонското достоинство и интегритет! На проституирањето на ЕУ со проширувањето и на нејзините (не)постоечки вредности за единство на различностите! Срамота! Зини земјо, голтни ме!

Абре, будало Стојанов, што си се намерачил и што имаш ти заедничко со македонските деца?! И зошто баш македонските, а не бугарските, албанските, српските, турските, ромските…?! Ти ли стигна да ни ги едуцираш и воспитуваш нашите деца?! Ти ли стигна да говориш за историска вистина?! Ти ли стигна да говориш за македонскиот јазик?!

Ептен си влегол во филм! И тоа во време кога целото бугарско општество како ѓавол од крст се обидува да избега од сопственото фашистичко минато. Што ќе правиш со македонските деца? Ќе им формираш нови браници, ќе ги правиш хитлерјугенд, луковјугенд или модерно борисовјугенд, радевјугенд… Нема многу разлика меѓу нив. Сите се во функција на создавање чиста ариевска бугарска раса. Ај мрш таму!

Сврти се малку околу себе. И дел од слободното време искористи за други цели. На пример, прочитај нешто за детските права. Да, истите права, што ги имаат и бугарските деца во Бугарија. Прочитај нешто за бугарскиот историски ревизионизам, особено за отворениот судир со Бугарската еврејска заедница. Би ти го препорачал текстот на Леа Коен во две продолженија (27 и 28 јануари) во е-вестник.бг за прогонот, спасувањето и холокаустот во царството Бугарија 1940-1944 година. Читај и можеби ќе научиш нешто ако воопшто имаш мозок во таа твоја лејка од глава. Кариера, особено политичка, не се прави на сметка на недолжни, малолетни деца, па било тие да се и македонски, бугарски, албански, турски, српски, ромски… Налет на парите што ти ги даваат, па и тие што ти ги даваат.

А, тие што мислат дека со ова ќе постигнат нешто, добро нека размислат! Особено претседателот Румен Радев, зашто будалава излезе од под неговиот шинел. Па, и Таче Монтенегро и Стево Пендаровски. Едниот е премиер, а другиот претседател на државата Република Македонија. Ако можат да ја заштитат, ако не, нека си одат. Во името на децата македонски на чиј грб некој планира да ја прикрие сопствената неспособност, забеганост и неизлечиви фрустрации!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.