Кегеловите вежби помагаат да се подобри протокот на крв низ карличните мускули и да се зголеми нивната чувствителност, a со самото тоа ќе овозможат поголемо задоволство за време на сексуалниот однос, вели Пипа Марфи, британски експерт за секс и врски.
Таа потенцира дека сè повеќе луѓе ги практикуваат овие вежби не само што се добри за поголемо сексуално задоволство, туку помагаат и за одржување на уринарната континенција, односно ги „држат работите под контрола“.
Иако многумина мислат така, овие вежби не се наменети само за жени. И мажите имаат карлица, нели? Секојдневното повторување на Кегеловите вежби го подобруваат вагиналното подмачкување и општата сексуална возбуда кај жените, додека кај мажите се овозможува поцврста ерекција, поради подобриот проток на крвта во препоните. Исто така, кај двата пола го олеснува достигнувањето на оргазам, објаснила таа.
Вежбите се осмислени од гинекологот д-р Арнолд Кегел, и првично биле наменети за побрзо закрепнување на мускулите по породувањето, како и за третман на инконтиненција.
Тие се изведуваат така што замислувате дека ја стискате вагината околу тампон или како да го запирате мокрењето, а тоа помага да се лоцираат насочените карлични мускули. Експертите од Харвард советуваат дека е важно да не го задржувате здивот во текот на целата рутина, а пожелно е оваа вежба да се повторува 30 до 40 пати во текот на денот, во неколку наврати. Но, не заборавајте да го испразните мочниот меур пред да вежбате, објаснила Пипа.
Станува збор за мускулот ‘musculus pubococcygeus’ кој уште го нарекуваат и „љубовен мускул“, а неговиот облик наликува на банана. Се наоѓа во просторот од срамната коска до сакрумот (централниот дел на карлицата). Со контракција на тој мускул, го запираме потокот за време на мокрењето.
Д-р Параскеви Димитриади, специјалист по козметичка гинекологија и член на Европското здружение за естетска гинекологија, вели дека оваа рутина е прилично едноставна. И таа сподели неколку совети.
Пример за едноставна Кегел вежба би бил – легнете, ставете ги стапалата рамно на подот со свиткани колена и вдишете. Потоа издишете додека се концентрирате на вовлекување на долните стомачни мускули и стегање на мускулите околу уретрата и вагината. Кога ги собирате мускулите, задржете го тоа чувство околу три секунди пред да го ослободите и повторите, советува таа.
Нејзина репорака е да се обидете да ја изведете оваа вежба десет пати одеднаш. Исто така, обидете се да не го стискате стомакот во исто време кога ги стискате мускулите на карлицата.
Во вашата рутина можете да вклучите и Кегеловите топчиња со тегови или јајца од јони, додаде д-р Димитриади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.