Одлуката на една мајка да купи вибратор за нејзината ќерка тинејџерка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи.
Мајката од Австралија дошла до оваа необична одлука откако го гледала обраќањето на психологот д-р Робин Бакли на конференција на ТЕД посветена на родителството и интимните односи меѓу тинејџерите. Како што вели, така дошла до „револуционерно сознание“.
Според излагањето на д-р Робин Бакли, кај девојчињата почнува да се развива желба за благ сексуален контакт на возраст од 11 до 14 години, а намерата да се направи нешто во врска со тоа обично се јавува помеѓу 15 и 19 години. Имајќи го ова на ум, д-р Бакли ѝ дала вибратор на нејзината ќерка кога имала 13 години.
Нејзиниот потег предизвика бурни реакции, но мајка од Австралија, која сакаше да остане анонимна, во отвореното писмо објавено на порталот „Кидспот“ објасни што ја поттикнало да го следи примерот на психологот:
Планирам да ѝ купам вибратор на ќерка ми тинејџерка. Пред да ме распнете во коментари, слушнете ја и мојата страна, пишува оваа мајка.
Таа продолжи да раскажува како, кога била дете, нејзината мајка секогаш зборувала за мастурбирањето како нешто „срамно“. Така, кога почнала да излегува со момци, не знаела што ѝ се допаѓа. Нејзинот прв сексуален однос бил многу непријатен.
Гледајќи наназад, мислам дека ако ми беше дозволено да го истражувам и да го разберам моето тело, можеби ќе бев во подобра ситуација, подобро би се снашла и повеќе ќе уживав во мојата прва врска и односи, напиша таа.
Кога го гледала обраќањето на д-р Бакли, најпрво ја совладала мачнина, по што ѝ станало кристално јасно дека нејзиното интимно искуство би било многу поинакво доколку нејзината мајка имала поинаков однос кон мастурбацијата.жж
Најмногу ѝ се допаднало објаснувањето на докторката дека на својата ќерка ѝ купила вибратор бидејќи сакала да се чувствува „безбедно“ додека го истражува своето тело, со што оваа мајка апсолутно се сложила. Психологот додава дека мастурбацијата може да им помогне на девојките „да го намалат стресот, да ги ублажат главоболките и менструалните грчеви“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.