„Пaузата“ во интимните односи не е необична појава, но многу жени се прашуваат дали е здраво или штетно ако подолго време немаат интимни односи. Гинекологот Лиз Листер открива што се случува со женското тело во таа ситуација. Како што вели, жените се срамат да признаат една работа, а тоа се случува на која било возраст.

Ова не е нешто што моите пациенти често го спомнуваат, веројатно затоа што се срамат, а нема зошто, зошто тоа е навистина голем проблем! Колку подолго сте без сексуални односи, толку понепријатен ќе биде следниот однос! Тоа е затоа што ткивото се опушта и протокот на крв во таа област се намалува, бидејќи телото нема навика да се подготвува за однос. Тоа е како вежбање, станува попријатно кога ќе се навикнеш, објаснува гинекологот.

Многу експерти тврдат дека интимниот однос и оргазмот се поврзани со посилен имунитет и здравјето на срцето. Гинекологот советува да се користат лубриканти доколку долго време сте немале интимен однос, а доколку сте соло – да се „погрижите за себе“ и да користите помагала.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.