Гледањето порно филмови и мастурбацијата се лоши активности на одреденa возраст, предупредува урологот и сексолог д-р Александар Милошевиќ во емисијата „150 минути“ на Прва.

Во суштина, мастурбацијата е нормална во одредени периоди, посебно во годините на пубертетот, кога децата учат за своето тело, се спознаваат себе и читаат за тоа, но не смее да остане како модел на однесување подоцна. Ако се продолжи со мастурбација и во 20-тите години и подоцна, тогаш тоа станува патолошко. Денес има сè повеќе пациенти кои имаат проблеми со ејакулацијата и постигнување ерекција кога се со жена. Значи тие својата сексуална енергија ја завршуваат сами со себе. Со порно на мобилниот и со рака, вели докторот.

Тој предупредува дека гледањето порно филмови доведува до еректилна дисфункција.

Не ме сфаќајте погрешно, порнографијата не е лоша работа како додаток на сексуалниот живот или за „освежување“ кај мажите над 65 години, но на дечко кој има 20, 25 или 30 години не му треба. Има доволно стимулативни работи кај личноста од спротивниот пол со која може да правите многу работи и полека да ја проучувате сексуалноста, зошто сексуалноста е чин што се учи, школа, истакнува урологот.

Вели дека кај него доаѓаат сè поголем број на млади мажи кои имаат нереални барања.

Порнографијата е филм, со секакви финти, монтажа и агол на снимање, се прави половите органи да изгледаат поголеми. Не е вистинска! Затоадоаѓаат на лекар за да постигнат цели кои не се нормални. Користат суплементи или слични апарати за зголемување, од кои се губат природните особини и способности и на крајот – не можат да имаат деца. Не можат да доживеат оргазам, откри д-р Милошевиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.