Во Управниот суд за денеска се закажани седум јавни седници на кои треба да се разгледаат тужбите поднесени од коалицијата „Европски фронт“ предводен од ДУИ против решенијата на Државната изборна комисија за парламентарните избори што се одржаа на 8 мај.

Првата седница е закажана во 10:30 часот, а последната во 22:30 часот. Седниците, како што стои на официјалната веб страница, треба да се одржат со временско растојание од два часа.

Коалицијата „Европски фронт“ во изминатите денови на прес-конференции обвини за изборен инженеринг, односно дека преку ДИК се прави обид да им се одземат еден до два пратенички мандати.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ – 18, Коалицијата ВЛЕН – 13, а Движењето ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.