ДНК вчеравечер на „Јутјуб“ објавија видео од целиот концерт кој го одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 3 декември минатата година, по повод 20 години од нивното постоење на македонската музичка сцена.

Концертот го започнаа со нивната последна издадена песна со наслов „Романи“, а потоа се нижеа и останатите хитови кои тие ги создадоа изминативе години.

Драги луѓе, во мое име и во името на Андреј и целиот бенд ви се заблагодаруваме. Ова е најдоброиот подарок кој можеше да го добиеме за еден роденден. Бескрајно сме ви благодарни. 20 години постоиме само поради вас и ова никогаш нема да ви го заборавиме, беа првите зборови со кои Панчо се обрати на десетилјадната публика.

На овој голем и јубилеен концерт работеше доста голема екипа, а факт дека ќе остане запаметен како еден од најпосетените концерети на македонски изведуачи во последниве дваесетина години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.