Михајловиќ со Аријана  има пет деца – две ќерки Викторија Вирџинија и синовите Мирослав Душан и Николас. Но, Синиша има уште еден син Марко, кој го добил во вонбрачна заедница во деведесеттите со една Римјанка.

Не се знае многу за неговата врска со синот Марко, но тој еднаш изјавил дека го запознал кога момчето имало единаесет години. На погребот беше и Марко, што го потврдува и венецот направен од бели рози на кој биле испишани имињата на децата на Миха.

Марко има 29 години, живее и работи во Италија, а по професија е програмер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.