Хрватската пратеничка Маријана Петир, основачка и шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент, додека не ја смени Владата на Зоран Заев, смета
дека зад барањето за вклучување на Бугарите во македонскиот устав се кријат барања
што задираат во македонскиот идентитет.

Постојат различни модели околу кои може да се разговара поврзани со ова прашање. Секако дека јас никогаш не сум се мешала во внатрешнополитичките односи на Македонија. Вие најдобро знаете кој статус на кое малцинство треба да му го дадете и, евентуално, што заслужува некој, а каде сакате вие можете да направите уште некои отстапки.

 

Во таа смисла мислам дека не ви треба тутор однадвор кој ќе ви каже што треба да направите вие и тоа е она за кое зборувам јас. Мислам дека тоа не е прашање на ЕУ, тоа е прашање на вашиот став и однос кон националните малцинства и она за кое вие сметате дека е потребно.

 

Но, јас овде не гледам дека во прашање е само вклучувањето на националните малцинства во Уставот. Јас овде гледам дека пред Македонија се поставени и одредени други барања кои и тоа како задираат во идентитетските прашања. И она што јас го оспорувам е прашањето на пакетот кој се поставува пред Македонија како услов во име на ЕУ, а во суштина станува збор за билатерално прашање. Мислам дека тоа не е в ред – изјави поранешната европратеничка во интервју за Сител.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.