Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека разговорите со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва биле конструктивни и искрени.

Двајцата детално разговарале за предлозите на Русија за безбедносните гаранции во Европа.

Му благодарам на министерот Шојгу за неговата подготвеност да се сретне со мене за да разговараме за низа прашања, вклучувајќи ги и континуираните тензии околу Украина и нејзините граници. Детално разговаравме за нацрт-договорот на Русија за безбедносните гаранции, кој беше доставен до НАТО и се фокусиравме на неколку негови точки – изјави Валас на прес-конференција во британската амбасада во Москва.

Тој зборуваше и за поддршка на зајакнувањето на каналите за комуникација со Русија.

Ова е прва средба меѓу британски министер за одбрана и министерот Шојгу од 2013 година, тоа се девет години. Да ја сфатиме меѓусебно својата загриженост и да имаме канали за комуникација е многу подобро отколку да немаме ништо. Со нетрпение очекувам да ја продолжам соработката со министерот Шојгу, а мојот началник за одбрана, Тони Радакин, со началникот на Генералштабот на Русија Валериј Герасимов – изјави Валас.

Тој додаде дека е важно да се воспостави постојан канал за комуникација меѓу британската и руската војска.

Валас изјави дека за време на средбата со Шојгу, разговарале за ситуацијата околу Украина и ја истакнале потребата од почитување на договорите од Минск како чекор кон деескалација.

Според него, евентуална руска инвазија врз Украина би имала трагични последици за Украинците, Русите и европската безбедност воопшто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.