Заедно, медот и циметот се одлична и вкусна комбинација, која ќе го промени вашето тело на подобро. Ви откриваме некои од предностите на ова прекрасно комбо:

Медот содржи антиоксиданси кои му се потребни на телото за правилно функционирање, додека циметот содржи полифеноли кои се многу важни за нашиот организам. Со комбинирање на овие две состојки, дефинитивно ќе го забавите стареењето.

Влијае на рамнотежата на шеќерот во крвта
Циметот може да го намали нивото на шеќер во крвта, бидејќи влијае на нашето тело како природен лек. Од друга страна, медот главно се состои од гликоза, фруктоза и вода, а погоден е и за дијабетичари. Заедно тие прават одличен лек кој го балансира нивото на шеќер во крвта.

Помага при слабеење
Иако исхраната и тренингот се најважни за слабеење, комбинацијата од цимет и мед може да послужи како додаток кој ќе го забрза вашето слабеење. Доволно е да се напиете вода со лажица мед и цимет половина час пред оброците и спиење – ќе го намалите апетитот, ќе го забрзате метаболизмот, а килограмите ќе се намалат.

Ја подобрува работата на срцето
Медот го подобрува протокот на крв, а циметот го зголемува нивото на добриот холестерол. Затоа и двете намирници се потребни за правилно функционирање на срцето и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Го зајакнува имунитетот
Добро познато е дека медот претставува природен антибиотик кој се користи уште од античко време за лекување на многу болести. Заедно со циметот, кој има антибактериски и антиинфламаторни својства, формираат природен додаток кој го зајакнува имунитетот и го штити организмот од инфекции и вируси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.