Во Македонија во текот на месец август се пријавени вкупно 112 случаи на ковид-19 (I=6,1/100.000). Во однос на претходниот месец јули 2023 (n=23), се регистрира зголемување на бројот на пријавени од ковид-19 за 4,6 пати, a во однос на месец август 2022 (n=12.354) се регистрира многукратно намалување на заболените, објави Институтот за јавно здравје во својот извештај.

Од заболените во август 2023, најголем број на заболени (n=34) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (73,4/100.000) се регистрира во Кавадарци. Триесет и пет од заболените лица се реинфекции.

Во текот на месецот пријавено е едно починато лице.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во
возрасната групата над 60 години, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за
присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец август се тестирани вкупно 512 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 1,4% во однос на минатиот месец (n=505).

Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31.08.2023, пријавени се вкупно 348.491 потврден
случај на ковид-19 и 9.942 смртни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.