Главниот извршен директор на компанијата Бионтек, Угур Сахин, во четвртокот рекол дека доставата на вакцините против омикрон варијантата на коронавирус ќе доцни.
Бионтек вакцината ја прави со компанијата Фајзер и таа ќе доцни неколку недели. Причината е таа што податоците се собираат поспоро од очекуваното, пишува „Ројтерс“.
Откако вакцината ќе биде спремна за достава, Бионтек ќе спроведе испитување за да утврди дали таа е сè уште потребна.
Можниот крај на моменталниот бран на заразата не значи дека не може повторно да се влоши, рекол Сахин во разговор за германскиот магазин „Bild“.
Директорот на Бионтек додал дека неговата компанија може да ја продолжи изработката на нови вакцини за евентуалните нови варијанти на коронавирусот.
Не сметам дека ситуацијата сега е толку драматична, рекол Сахин на прашањето за можен развој на коронавирусот во иднина.
Бионтек вакцината против омикрон требаше да ја дистрибуира до крајот на март, но на крајот на јануари рекоа дека ќе зависи од тоа колку информации ќе побараат регулаторните тела од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.