Седум  ученици од три основни училишта во скопската Општина Каропш се заразени со салмонела, потврди за „Република“ д-р Лулзиме Бајрами, специјалист по епидемиологија  во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје.

Заразени се ученици од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“.

Екипата од ЦЈЗ е на терен, уште не се вратени од посетата на училиштата. Кога ќе ги добиеме сите информации, ќе ја информираме јавноста. Засега станува збор за шест ученици, ни рече д-р Бајрами.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Рената Младеновска ни изјави дека денеска се вршат вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување“.

Салмонела е бактерија која се пренесува преку храна што содржи јајца, која е недоволно зготвена или направена од заразени прехранбени кондиторски производи чувани на несоодветна температура и средина.

Појавата на првите симптоми кај лица заразени со салмонела се појавуваат во период од 6 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна. Најчести симптоми се стомачни грчеви, гадење, повраќање и дијареа, понекогаш и висока температура. Болеста трае од 4 до 7 дена, а понекогаш и подолго.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.