Дел од телото на кој малку му обрнуваме внимание е папокот. Неговата хигиена никако не треба да ја занемариме, а најчесто обичното туширање не е доволно.

Истражувањата покажаа дека во просечен папок може да се најдат над 60 видови бактерии.

„Во него може да се создаде талог од пот, мртви клетки од кожата, масти, остатоци од ткаенини, бактерии и сето тоа да се претвори во папочен талог“, вели докторката Каран Рајан.

Овој талог може да биде од различна боја, а најчесто е црна или светло кафеава.

Нечистотијата што се создава во папокот може да предизвика инфекции проследени со силни болки и црвенило, иритации, чешање и непријатен мирис. Без разлика како облик има папокот, треба да го чистите при секое капење. Минете низ тој дел од телото со прстите и вода, внимавајќи да не се повредите бидејќи раните на папокот прилично тешко зараснуваат.

Еднаш неделно може да го чистите со нежна ткаенина или стапчиња за уши, потопени во вода и сапун. Во случај да забележите дека е зафатен од инфекција, побарајте лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.