Турчинот Музафер Кајасан е позитивен веќе 14 месеци на ковид-19. Тој имал 78 последователни тестови, па тој веќе и се шегува за тоа.
Претпоставувам дека ова е женска верзија на Ковид, бидејќи „таа“ е опседната со мене. И има топол дом бидејќи имам големо срце, вели тој.
Кога првпат се заразил, Музафер (56) мислел дека ќе умре. Дошол до едвај 50 килограми телесна тежина, а бидејќи боледува од леукемија, секое дополнително слабеење на имунитетот му отежнува. Повеќе од една година подоцна, заразата сè уште ја има, но и тој солидно се држи.
Дојдовме до точка каде што болеста или ќе исчезне или ќе оди со мене в гроб. Нема друг начин, изјави Музафер Кајасан.
Имунокомпромитирани пациенти се изложени на поголема опасност од продолжена инфекција. Секој четврти заболен од леукемија не произведува антитела дури и по две дози од вакцината, според д-р Чагри Буке.
Не можеме со сигурност да кажеме дали вирусот е сè уште активен или не, но има 99 отсто можност да не е активен и затоа не е заразен, рече тој.
Сè додека тестовите се позитивни, Музафер не може да се вакцинира, но негова најголема желба во мигов се малку поблаги мерки на изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.