Тројца од четворицата малолетници кои во петокот беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Четвртото лице ќе биде задржан на Клиниката за токсикологија на дополнителни иследувања.
Директорот на Клиниката, Андон Чибишев вели дека кај малолетниците што ќе бидат пуштени дома параметрите биле задоволителни.
Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања“, вели Чибишев во изјава за МИА.
Директорот вчера рече дека одлуката за нивно пуштање од Клиниката ќе биде донесена по денешната утринска визита.
Состојбата на малолетниците е стабилна уште од саботата, кога Чибишев рече дека тие се свесни и контактибилни и без посериозни повреди на главата или телото.
Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера информираа дека е приведен 40-годишениот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание.
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) рекоа дека до Основниот кривичен суд е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Во описот на случајот од ОЈО е наведено дека осомничениот со децата почнал да консумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица. Осомничениот ги затекнал децата во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал, но и покрај тоа, ги оставил без помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.