Тријажен ургентен интерклинички центар кој би бил во близина на Интерните клиники на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ најави новиот министер за здравство Фатмир Меџити на првиот брифинг со новинарите.

Недозволиво е пациентите да се шетаат од една на друга Клиника, во колички, по дожд, снег. Ќе се формира патека на движење на пациентите. Со овој тријажен центар ќе се реши деценскиот проблем за пациенти кои доаѓаат на итна интервенција, вели Меџити, додавајќи дека веќе се размислува и за воведување на втора смена кај медицинскиот персонал.

Меџити најави дека средувањето на сообраќајниот хаос на Клиниките ќе биде еден од приоритетите на неговиот тим, а најави и дека по 10 години, ќе се промени позитивната листа на лекови.

„Мој термин“ е одличен, но може да се направи и ажурирање на системот во корист на пациентите, вели Меџити.

Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директори, кажа новиот министер за здравство, а нови организациски директори ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство.

Смената на директорите е дел од договорот на власта со Алијансата за Албанците за влез во владината коалиција.

Меѓу приоритетите е да се најде заедничко решение за зголемување на платите на здравствените работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.