Ние треба да ги мотивираме здравствените работници, не треба секогаш сè лошо да кажуваме за нив, туку некогаш и да ги пофалиме, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конфренција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“.
Според Таравари, одредени забелешки на пациентите за докторите се оправдани.
Има одредени забелешки коишто ‘држат’, се обидуваме во разговор со нашите колеги тоа да го амортизираме и тоа да не се повторува, а ако се повторува од ист колега повеќе пати, повеќе пациенти да се жалат, тогаш ќе преземеме мерки којшто може да ги преземе Министерството за здравство, изјави Таравари.
Министерот за здравство рече дека поради природата на неговото работно место официјално еден ден во работната недела се среќава со пациенти, но секојдневно комуницира со граѓаните.
Мојот впечаток е дека околу 60 до 70 отсто од граѓаните се задоволни од докторите коишто работат во јавните здравствени установи. Меѓутоа, за жал, новинарите од нив не прават вести за пациените кои се задоволни од тој доктор, дадена добра услуга, алал нека ви е за се што направивте за пациентот. Има околу 20 до 30 отсто пациенти кои не се задоволни. Има разно-разни забелешки од нив, некои оправдани, некои не се оправдани, да бидеме искрени. Некогаш некој чека пет минути и е нервозен. Сите чекаме некаде. И во банка кога одиме, чекаме 10 минути, па не викаме. Некои се нервираат, некои и со право се жалат, рече Таравари на прес-конфренцијата.
Таравари објасни дека кога имало жалби од пациентите, комуницирале и директно со докторите од кои се жалеле.
Некогаш сум ги соочувал граѓанинот – пациентот со докторот и на крајот на краиштата здравственот систем постои заради пациентите и тие се центарот во орбитата на здравствениот систем. Секако, и докторите и другиот медицински персонал се многу битни, кажа Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.