Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи годишно во светот до 2050 година, предупреди европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).
„Развојот и ширењето на супербактериите се забрзува со злоупотреба на антимикробни лекови, што го отежнува ефикасното лекување на инфекциите“, се вели во соопштението на СЗО Европа, која вклучува 53 земји и се протега до централна Азија.
Во 24 проценти од случаите причините за земање се вирусите.
„Сите земји во нашиот регион имаат регулативи кои штитат од злоупотреба на антибиотици… Спроведувањето на тие регулативи би ги решило повеќето проблеми со злоупотребата на антибиотици“, рече Роб Батлер, шеф на одделот за заразни болести.
Организацијата на ОН проценува дека, без итна интервенција, отпорноста на антибиотици може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година.
Истражувањето спроведено во 14 земји од регионот, лоцирани во Источна Европа и Централна Азија, покажува дека причините наведени како оправдување за земање антибиотици во 24 отсто од случаите се настинка проследена со симптоми на грип (16 отсто), болки во грлото (21 отсто) и кашлица (18 проценти).
„Оваа ситуација е загрижувачка бидејќи овие симптоми често се предизвикани од вируси против кои антибиотиците не делуваат“, се вели во соопштението.
Главен извор на загриженост за здравствените власти се рецептите. Многу луѓе земаат антибиотици без лекарски рецепт.
Според извештајот, третина од луѓето во БиХ, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан земаат антибиотици без лекарски рецепт.
Во некои земји, повеќе од 40 отсто од антибиотиците се добиени без лекарско мислење, што е пет пати поголемо од просекот во ЕУ од студијата спроведена во 2022 година. За СЗО влошувањето на економската нееднаквост е уште една опасност, бидејќи најмалку образованите и луѓето со најниски примања се тие кои имаат најлоши практики.
Последново „јасно ја покажува потребата од едукација и подигање на свеста“, истакна Батлер. Посочува дека еден од проблемите е и незавршувањето на терапијата со антибиотици за да се зачуваат за друг пат или да се делат тие лекови со болни роднини или соседи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.