Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од Ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти.
Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата, појасни таа за новинарите во Јужна Африка.
Таа ги посети погоните за производство на вакцини, во придружба на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.