Во минатото, лековите во 90 отсто од случаите биле природни. Па така, нашите прабаби се лекувале со чуваркуќа, лековити билки, домашно млеко и супа.

Една аптека во старите времиња задолжително содржела бројни природни лекови против кашлица, а меѓу нив била и свинската маст, „премиена“ во девет води.

Имено, домаќинките приготвува маст за лекување на посебен начин, така што одвојувале одредена количина по топењето и темелно ја миеле. На лажица маст се сипува половина чаша ладна вода, се мати сето тоа со дрвена лажица десетина секунди, се остава кратко да отстои, па водата се одлива од површината. Постапката се повторува девет пати и така се добива исклучително бела маст.

За болни бели дробови, таа се користи на повеќе начини. За деца, може само малку да се загрее па да се намачка на градниот кош, да се покрие со газа, па со фолија, па потоа да се облече детето во маица и пижама. Така треба да преспие, а утредента навечер може да се повтори целата постапка.

За повозрасните, може прво да се намачка кожата со премиената маст, па потоа се ставаат облоги. Може да се остави така и прекуноќ.

Според третиот старински рецепт, премиената маст може да се измеша со малку ракија, па да се натопи облогата со оваа мешавина.

Се смета дека маста ги смирува воспалителните процеси и ја „извлекува“ температурата, а се препорачува и за воспаление на синуси, хемороиди и мозолчиња на кожата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.