Изгорениците од сончевите зраци се чести во летниот период, без оглед колку и какви мерки преземаме.

Доколку се случи тоа, има неколку природни методи, кои можат да ни помогнат. Еден од нив е премачкување со неколку лажици готварска сода и млака вода, сразмерно, во период од 15 до 20 минути. Потоа, изгореното место да не се брише со крпа.

Овесните снегулки се друг начин. Една чаша овес се става во млака вода и така добиената смеса се истура на кожата за таа да омекне. Густата течност од растението алое, исто така, ги намалува црвенилото и болката од изгореницата.

Пресечете неои од подебелите листови на растението и течноста се нанесува пет до шест пати дневно и тоа се повторува во тек на неколку дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.