Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) бараат од Владата да ги ослободи од работа и од училиште лицата со дијабетес Тип 1 и 2 поради рапидното ширење на ковид-19 и високите бројки кои се во постојан раст.

Со цел да се изврши превенција од дополнителни компликации и можни животно загрозувачки состојби кај лицата со дијабетес Тип 1 и дијабетес Тип 2 на инсулин со компликации од дијабетес, бараме од Владата преку Министерството за здравство и Кризниот штаб за спречување на ширење на пандемијата од ковид-19, да се донесат превентивни мерки за ослободување од работни и училишни обврски на сите хронично болни, особено на лица со дијагнозите Дијабетес Тип 1, Дијабетес Тип 2 на инсулин со компликации од дијабетес, во рок до 14 дена со одобрение од надлежен специјалист и еднокриниолог или дијабетолог, по барање на самото лице, вели Димче Велев, претседател на СЗДСМ.

Според Велев, епидимиолошката состојба со вирусот ковид-19 е загрижувачка. Сериозно високите бројки на раст и тоа на дневно ниво, за жал и прогресијата на ново инфицирани не запира и покрај важечките здравствени протоколи.

Ваквата состојба за Сојузот на здруженија на дијабетичари е сериозно загрижувачка, со највисок ризик по компликации на животите на граѓаните со хронични заболувања, особено кај лицата со дијабетес кои со своите секојдневни активности ги исполнуваат работните обврски, велат од Сојузот.

Тие бараат птсуствата по овие мерки, да бидат на товар на работодавците, согласно правилата за боледување и тоа на вакцинираните со 90% од плата, а на невакцинираните или непрележани од корона вирус 70% од плата.

Овие мерки ги бараме имајќи ги во предвид, досегашните факти дека најголем процент на заболени од корона се лица со дијабетес, а за жал во делот на починати тој процент е над 2/3 од вкупниот број. Воедно потсетуваме дека кај лицата кои имаат средна и потешка форма на корона вирус, од терапијата која се применува се појавува дијабетес и е зголемен бројот на корисници на инсулинска терапија, велат од Сојузот.

Водејќи се од мотото дека Јавното здравје не е бизнис и политика, а за здрава и работоспособна нација, се надеваме дека како итни мерки ќе бидат прифатени нашите барања, додаваат оттаму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.