Стотина деца придружувани од своите родители, роднини, пријатели, како и од Волонтерски центар Скопје синоќа се обидоа да им го развеселат, барем за момент, денот на децата болни од канцер кои се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје.

Тие на паркингот зад Клиниката ја испеаја „Штом си среќен, плесни ти со рачиња“. Настанот, традиционално го организира САНО, невладина органзација која им помага на децата со малигни заболувања и нивните родители.

Тие на овој начин го одбележуваат 15 февруари, Меѓународниот ден на децата болни од рак, како глобална кампања за подигнување на свеста за ракот кај децата и за изразување на поддршка за децата и адолесцентите со рак, преживеаните и нивните семејства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.